Видови компјутери
По големината и можностите компјутерите кои денес се користат во
светот можеме да ги поделиме на:
• суперкомпјутери,
• големи компјутери,
• микрокомпјутери.
СУПЕРКОМПЈУТЕРИ
Суперкомпјутерите се најскапи, најбрзи и најмоќни компјутери на светот. Можат да си ги дозволат само некои компании или владите на некои држави во светот. Такви компјутери се користат за извршување на сложени пресметки и симулации.На пример, се користат во науката за генетските истражувања, за вселенски истражувања или за предвидување на временски промени, кога за кратко време треба да се обработат голем број на податоци.

ГОЛЕМИ КОМПЈУТЕРИ
Големите компјутерите (Main frame computers) се големи и моќни компјутери кои овозможуваат истовремена работа на голем број корисници (неколку стотици) кои се поврзани со нив преку терминали – монитор и тастатура. Се користат во големи банки, осигурителни компании и сл.

МИКРОКОМПЈУТЕРИ
Микрокомпјутери се компјутери кај кои уредот за обработка на податоците е микропроцесор. Микрокомпјутерите можат да бидат сервери или персонални компјутери.Сервери се компјутери кои им обезбедуваат на голем број персонални компјутери работа со заеднички податоци, уреди, Интернет услуги и др. Персонални компјутери се компјутери за лична употреба.
Микрокомпјутерите ги делиме на статични и преносни компјутери. Статичните компјутери се наменети за работа на едно место. Преносните компјутери се со мали димензии и се лесни за пренесување.

Во оваа класа на компјутери спаѓаат:
Десктоп компјутери – се персонални компјутери за индивидуална употреба, кои можеме да го сместиме на работната маса.Формата на кутијата на компјутерот може да биде вертикална или хоризонтална. Постојат и компјутери кај кои мониторот и компјутерот се ставени во една кутија. Десктоп компјутерите се постојано поврзани со напојување на електрична енергија.
Лаптоп или ноутбук
се преносни компјутери со тежина помала од десет килограми. Се приклучуваат на електричната мрежа
преку адаптер, а можат да користат и батерија. Нивниот монитор е изработен со посебна технологија и се нарекува LCD монитор. Лаптоп компјутерите се способни за извршување на истите работи како и десктоп компјутерите.
Taблет компјутери – се мали преносни компјутери кои се користат во услови кога обичниот лаптоп се покажува непрактичен или недоволно функционален. Имаат монитор кој е осетлив на допир. Командите наместо со тастатура и глувче се задаваат со специјално моливче т.н стајлус.
Персонален дигитален асистент се мали, преносни, џепни компјутери, кои се користат за: пишување кратки белешки, кратки пресметувања, имаат календар, Интернет, компјутерски игри и друго.
Smartphone – се мобилни телефони кои имаат вградени функции на преносен персонален компјутер. Најчесто имаат мала тастатура и екран осетлив на допир

За повеќе информации кликнете тука
Comments
Post a Comment